Поврзете се со нас

Свет

Дабл-дабл на Магдевски против Динамо Букурешт

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Андреј Магдевски се прикажа во одлично светло на денешниот меч против Динамо Букурешт во првата лига на Романија.

Плејмејкерот беше во почетната петорка на ЧСМ Плоешти и за 31 минута на паркетот даде 12 поени со 5 скока, 12 асистеции, 3 украдени, но и 4 загубени топки.

Сепак без разлика на овој учинок и фактот дека беше втор стрелец во својата екипа зад Хамонд (17), Плоешти во драматична завршница претрпе пораз од 75-73.

Сега Андреј и колегите имаат учинок 12-13 што е доволен за единаесеттото место на прволигашката табела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни