Поврзете се со нас

Англија

„Црвените“ го следат Арсенал: Мајсторија на Арнолд и важна победа за Ливерпул (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Арсенал вчера оствари победа до која мораше да стигне на било каков начин, а тоа денеска го направи и Ливерпул кој одигра едно од трите гостувања во низа кои ги има во Премиер лигата.

„Кревин Котиџ“ знае да биде незгодно сценарио за голем број фудбалски тимови од Англија, но иако во минатото тоа важело и за Ливерпул, попладнево избраниците на Јирген Клоп беа убедени во намерата да ја прекината лошата низа на резултати.

„Црвените“ поведоа со ремек-делото на Арнолд од слободен удар и тоа беше најава за подобар и помирен меч, но тоа важеше до судиското продолжение од првиот дел кога Кастањ израмни на 1:1.

Добра вест за Клоп беше тоа што Гравенберх брзо постигна гол за 1:2 на стартот на вториот дел, а до крајот за мирен финиш се погрижи Жота кој погоди за 1:3.

Со оваа победа, Ливерпул се израмни со Арсенал на првенствената табелата и е втор поради полоша гол разлика, но Сити кој има бод помалку има натревар во ракав и зависи сам од себе во битката за титулата во Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни