Поврзете се со нас

Англија

Челси „раскина“ со Баркли по четири години

Објавено

на

Тимот на Челси ќе сака да заврши неколку операции до крајот на овој преоден рок, а една веќе одработи и се однесува на поранешниот англиски репрезентативец Рос Баркли.

Баркли како голема надеж пристигна на „Стемфорд Бриџ“ во 2018 година од Евертон, но тој не ги оправда очекувањата, па клубот на крајот дури и реши предвреме да го раскине договорот што значи дека сега Рос како слободен играч може да си бара нова средина.

Офанзивецот како член на „сините“ го освои ФА купот, Лига Европа и Светското клупско првенство.

Се очекуваат уште неколку играчи да го напуштат клубот од Лондон до крајот на овој преоден рок како Зијеш, Хадсон Одои…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни