Поврзете се со нас

Шпанија

Чави: Недостасуваше да донесеме уште еден фудбалер!

Објавено

на

Чави Ернандес му даде многу висока оценка на летниот преоден рок кој го изрежира Барселона, пред се претседателот Лапорта, како и директорите Матеу Алемани и Жорди Кројф.

Чави одби да прифати дека овој тим е кроен само за него и нагласи дека тимот е проектиран за добра иднина на Барселона, иако според негово мислење, на крајот недостасувало да се реализира уште еден трансфер.

Тренерот не сакаше да навлегува и не откри за која позиција станува збор, но сепак порача дека на тимот му недостасувал уште еден играч од светска класа.

– Летниот трансфер период го оценувам на границата меѓу најдоброто што може да го добиете и средно доброто. Ни недостасуваше уште еден светски играч на крај, но и покрај тоа, многу сум задоволен и благодарен сум на клубот за напорите кои ги направи.

– Овој тим е направен за Барселона, а не за мене. Овој тим е за клубот. Составот го креираа Матеу Алемани, Жорди Кројф и претседателот Жоан Лапорта, а не јас. Тие преговараа и ги донесоа играчите кои ги имаме сега со нас. Жалам за сите кои заминаа, но таков е фудбалот, – вели Чави, кој направи споредба и со Премиер лигата.

– Премиерлигашите се многу помоќни од нас, имаат поголема куповна моќ. Ние потрошивме пари поради интерните рефинансирања, а тие имаат чисти пари. Премиерлигашите имаат многу голема предност во однос на клубовите од Ла Лига, – нагласи Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни