Поврзете се со нас

Шпанија

Чави донел одлука за двајцата шпански репрезентативци

Објавено

на

Барселона не успеа да го ангажира Лионел Меси и ќе мора да направи нов план кога е во прашање визијата за новата сезона, поточно засилувањата кои би помогнале екипата да направи нов исчекор и да се претстави во подобро светло пред во Лигата на шампионите.

Каталонците во исто време мора да се откажат, продадат дел од сегашните играчи за да ги ангажираат трансфер актибностите кога се во прашање засилувања, па според шпанскиот медиуми тренерот Чави Ернандес донел одлука за Феран Торес и Ансу Фати.

Чави наводно решил дека Торес заслужува нова шанса, поточно верува дека може да игра далеку позначајна улога во натпреварувачката 2023/2024.

Кога е во прашање Фати пак Ернандес се согласува да бида продаден, ама верува дека клубот треба да вметна клаузула со која би можел во иднина да го врати на „Кам Ноу“.

Фати пак според некои информации не сака да си замине од Барса што може да биде проблем за клубот ако остане цврсто на тој свој став.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни