Поврзете се со нас

Македонија

Чаир го изненади Работнички, ТФТ убедлив со „црвено-црните“

Објавено

на

Кошаркарите на Чаир 2030 направија големо изненадување и го совладаа Работнички со 83-82 во средбата од третото коло во Првата лига.

Со оглед на високите амбиции во оваа сезона, се очекува многу повеќе од центарци, поточно ваквите предизвици рутински да ги решава, меѓутоа мотивираните домаќини им застанаа на патот и дојдоа до голем триумф во салата „Шабан Трстена“.

Избраниците на Мираковски многу лоша ја одиграа првата четвртина која за загубија со 30-15 и потоа мораа постојано да го бркаат противникот со тоа што на крајот го имаа последниот напад и можеа и да дојдат до победа, ама таа шанса не беше искориситена.

Корбет со дабл-дабл учинок 25 поени и 11 скокови беше лидер кај Чаир, додека Работнички имаше тројца играчи со по 15 кошеви,  Декоси, Рикиќ и Трис.

ТФТ пак ги заборави лошите настапи во АБА2 лигата и убедливо го реши Вардар со резултат 88-64. Пет играчи беа двоцифрени, Ташовски најпрецизен со 17 кошеви.

Единствена светла точка кај домаќините беше Атанасов со 15 поени.

На последната средба Феникс немаше проблеми со ФМП Академија (108-86).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни