Поврзете се со нас

Македонија

Бугаринот Карачанаков потпиша за Македонија Ѓорче Петров (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Македонија Ѓорче Петров го промовираше најновото засилување кое доаѓа од соседна Бугарија, а неговото име е Антон Карачанаков.

Карачанаков е искусен играч (31 година) кој во новата средина доаѓа од Монтана, а во својата досегашна кариера освен во татковината (каде има играно и за ЦСКА Софија) има настапувано во Русија, Полска, Грција и Романија.

Инаку Антон е фудбалер кој може да покриве повеќе позиции во офанзивата иако најдобро се снаоѓа како лево крило.

Кога се прашање актуелниот освојувач на Купот на Македонија, тој на 21. јуни ќе отпатува во Словенија каде ќе ги продолжи подготовките и притоа ќе одигра четири мечеви против Марибор, Целје, Радомље и Чукарички.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни