Поврзете се со нас

Англија

Бруно откри за што најмногу жали откако е во Манчестер Јунајтед: Никогаш немам зборувано со него како што сакам

Објавено

на

Најдобриот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш повторно се најде во центарот на вниманието по неговите последни коментари поврзани со клубот.

Португалецот во интервју за „Инсајд Јунајтед“ зборуваше за што најмногу жали откако е во Манчестер Јунајтед и го потенцираше фактот дека му е доста криво што се уште нема разговарано со Сер Алекс Фергусон за тоа како да се подобрат состојбите во клубот.

Желбата Бруно да разговара со легендата на „ѓаволите“ дополнително ги импресионираше фановите на Јунајтед кои во играчот од средниот ред си најдоа нов миленик.

– Најмногу жалам поради тоа што се уште немам зборувано со Сер Алекс. Сум се сретнал со него, но не добив шанса да зборувам онака како што јас сака да зборувам со него. Секој кој го гледал Манчестер Јунајтед во минатото го знае Сер Алекс. Јас имам убави спомени затоа што растев гледајќи го овој клуб, бев фан на клубот и гледав како истиот се развива.

– Би сакал да разговарам со него и да се обидам да откријам, од негова гледна точка, што мисли за мене, што би можел да подобрам во играта за да станам уште подобар, -изјави Бруно Фернандеш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни