Поврзете се со нас

НБА

Бруклин излезе со позитивни вести за повредата на Дурент (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Бруклин Нетс успеа да го добие дербито на Истокот против Мајами Хит, но триумфот падна во сенка на повредата на ѕвездата Кевин Дурент.

Дурент се повреди во третиот период и потоа не се врати на паркетот, па се стравуваше дека се работи за нешто посериозно, повреда со која може да ги наруши високите амбиции на Нетс во актуелнава кампања.

Сепак деталните медицински прегледи донесоа позитивни вести кога е во прашање десното коленото или поточно за две недели ќе има нова проценка за неговата состојба.

Според секогаш добро информираниот НБА инсејдер и новинар на ЕСПН, Ejдријан Војнаровски паузата на Кеј-Ди би требало да биде еден месец што значи дека ќе се врати на паркетот во месец февруари.

Кевин игра извонредно во актуелнава сезона, неговиот просек е 29,7 поени, 6,7 скокови, 5,3 асистенции и 1,5 блокади со што неговото име во топ играчите кои се поврзуваат, се кандидати за наградата МВП. Во негово отсутво сега уште поголема одговорност ќе има Кајри Ирвинг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни