Поврзете се со нас

Шпанија

Брајтвајт побарал солидна сума од Барселона за раскин на договорот

Објавено

на

Мартин Брајтвајт и натаму нема најдено нов клуб и останува на платниот список на Барселона, додека шпанскиот клуб сака по секоја цена да се ослободи од данскиот репрезентативец.

Брајтвајт не патуваше со соиграчите на турнејата во САД и не беше во составот за првите две кола во Ла Лига, што јасно докажува дека Чави воопшто не го става во комбинација за сениорскиот тим.

Проблем за клубот е што Брајтвајт има уште две години од договорот, па бара 5 милиони евра за да прифати спогодбено раскинување.

Мајорка е сериозна заинтересирана за напаѓачот, но преговорите се закочени токму поради барањето на фудбалерот од актуелниот клуб.

Брајтвајт дојде во Барса од Легањес во 2020 година и оттогаш одигра 58 натпревари и постигна 10 гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни