Поврзете се со нас

Македонија

Борко се јави со жестока реакција на Инстаграм за суспензијата која му ја додели МОК (Фото)

Објавено

на

Борко Ристовски сосема неочекувано се претвори во топ тема во македонската спортска јавност, откако Македонскиот Олимписки Комитет излезе со одлука во која се вели дека голманот на Вардар добива четиригодишна суспензија.

Ова е резултат на жестоките зборови кои ги испрати Борко за првиот човек на МОК при едно гостување во македонска телевизија, па дисциплинската Комисија реши да му изрече жестока казна по пријава на Даниел Димевски.

МОК му изрече четиригодишна суспензија на Ристовски

Токму Димевски е човекот кој Ристовски сериозно го критикуваше во своето излагање, а откако МОК денеска објасни дека голманот го прекршил членот 17 од дисциплинскиот правилник, со жестоката реакција на социјалните мрежи се јави и самиот Борко.

Поранешниот македонски репрезентативец најпрво најави дека ќе одработи прес-конференција на која ќе се дознае и неговото гледиште на целата ситуација, но во меѓувреме испрати и жестока порака на Инстаграм.

– Во северна вукојe*ина се е можно….. Ама не со мене. Допрва ќе плачете, криминалци!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни