Поврзете се со нас

Македонија

МОК му изрече четиригодишна суспензија на Ристовски

Објавено

на

Македонскиот Олимписки Комитет денеска изрече жестока казна кон долгогодиншниот голман на македонската ракометна репрезентација, откако Борко Ристовски испрати жестоки критики кон првиот човек на МОК, Даниел Димевски.

Искусниот Ристовски испрати низа клевети до претседателот при едно гостување во македонска телевизија, па сега токму по пријава на Димевски, дисциплинската комисија на МОК му изрече четиригодишна суспензија на голманот на Вардар.

Според соопштението кое е испратено во јавноста, Борко го прекршил членот 17 од дисциплинскиот правилник на МОК, па суспензијата е испратена и до Ракометната Федерација на Македонија.

– Ристовски како претставник на политичка партија во ТВ емисијата „За или против“ изнесувал лаги, клевети и ширел невистини на сметкан а претседателот на Олимпискиот комитет, Данил Димевски, кои можат да бидат штетни по МОК, – се вели во објаснувањето на четиригодишната забрана за вршење на олимписки спорт.

Веднаш по ова, Борко Ристовски најави дека ќе одработи прес-конференција на која ќе ја каже и својата страна, а има период од осум дена да поднесе жалба за казната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни