Поврзете се со нас

Свет

Бјековиќ: Влаховиќ е подобар од Халанд, тој е покомплетен играч

Објавено

на

Ерлинг Халанд и Душан Влаховиќ се двајца играчи од новата генерација, напаѓачи кои во изминативе години се промовираа, но допрвра треба вистински да созреат, експлодираат и го покажат најдоброто од себе.

Халанд дефинитивно привлекува поголемо внимание, но не треба да се заборави и на Влаховиќ кој годинава направе голем исчекор во кариерата, па од Фиорентина се пресели во Јувентус. Таков потег направи и Норвежанецот кој летово заврши кај Манчестер Сити што значи ќе видиме како ќе се покаже во новата средина.

Тоа се двајца напаѓачи родени во 2000 година, па првиот човек на Фудбалската федерација на Србија, Ненад Бјековиќ направи споредба и посочи кој е подобар.

-Влаховиќ е подобар и покомплетен од Халанд. Норвежанецот има разорна моќ, но Душан не е инфериорен: исто така има многу мала разлика во нивната висина. Ама разновидноста и стиловите на играчи на напаѓачот на Јувентус се подобри. Манчестер Сити и Јувентус платија горе-долу ист надомест, вклучително и провизии за да ги потпишат двајцата оваа година од Борусија Дортмунд и Фиорентина, -порача Ненад за „Тутоспорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни