Поврзете се со нас

Англија

„Билд“: Баерн добил зелено светло од Кејн, има само една пречка за реализирање на трансферот

Објавено

на

Фото: twitter.com/SpursOfficial

Комплетно заладените односи меѓу Манчестер Јунајтед и Тотенхем за трансфер на Хари Кејн оставаат простор за други европски великани, а таков е случајот со Баерн Минхен кој целосно тргна во офанзива за најдобриот англиски голгетер.

Медиумите од Островот попладневно информираа дека германскиот првак испратил 70 милиони евра за ангажман на најдобриот стрелец на Тотенхем, па иако „петлите“ експресно ја одбиле оваа понуда, преговорите нема да сопрат тука.

По сериозниот бран на информации од Англија, сега Кејн стана топ вест и во Германија, од каде пристигнуваат нови информации за „бомбастичниот трансфер“ кој сака да го режира Баерн Минхен.

Угледниот „Билд“ открива дека Баерн одработил многу добри преговори со претставниците на Кејн и добиле зелено светло за иницирање на трансфер зделка, па сега единствена пречка за баварците е Тотенхем, односно газдата Даниел Леви.

Првиот човек на Тотенхем во безброј наврати се покажал како неизмерно тежок и незгоден преговарач, но овојпат не му оди во прилог тоа што Тотенхем не обезбеди европски фудбал, но и фактот што Кејн има договор само до 2024-та година. Доколку не реши да ја прифати новата понуда која ќе пристигне од Баерн, Леви ќе се осуди на сценарио да го загуби Кејн без да заработи ниту едно евро наредното лето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни