Поврзете се со нас

НБА

Беверли го одби шампионот и ќе игра за тимот за кого долго време сонуваше

Објавено

на

foto:https://twitter.com/DefPenHoops

Ветеранот Патрик Беверли дефинитивно го одбра клубот во кој ќе ја доигра оваа сезона во НБА лигата.

Тој во актуелнава кампања беше дел од Лос Анџелес Лејкерс, тим кој реши да се откаже од него и го испрати во Орландо Меџик. Меѓутоа беше јасно дека пргавиот плејмејкер нема да остане на Флорида, па откако ја расчисти ситуацијата со Орландо тој имаше неколку интересно понуди на маса, а на крајот во игра беа актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс и Чикаго Булс.

Беверли се реши да му каже „НЕ“ на составот од Сан Франциско или поточно ги избра „биковите“ со што конечно ќе се оствари неговиот сон да игра за тимот од градот во кој е роден.

-Бирав меѓу Голден Стејт и Чикаго. Секако, убаво е добро да се игра голем талент во Голден Стејт, таму има многу бекови. Сфатив дека можам да направам плеј-оф притисок со биковите. Да им дадам енергија, Истокот е некако слаб. Јас сум возбуден човек, -порача Патрик кој во НБА има играно уште за Минесота, Клиперс и Хјустон, додека во Европа има настапи во Украина, Русија и Грција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни