Поврзете се со нас

Конференциска лига

Бетис на колена пред Ристовски и Динамо Загреб (ВИДЕО)

Објавено

на

Стефан Ристовски и неговиот Динамо Загреб издвојуваа голема победа над Бетис во првиот натпревар од 1/16 финалето во Конференциската лига на УЕФА.

Хрватскиот тим успеа да слави на „Бенито Вилјамарин“ во Севилја со 1-0 и со тоа да ги зголеми шансите за пласман во осминафиналето на ова натпреварување. Домаќините повеќе ја имаа топката во своите нозе, беа поконретни и упатија повеќе удари, ама она што се брои се головите и овојпат тие не најдоа начин да го матираат Динамо, поточно противникот ја затресе нивната мрежа и тоа во 76 минута.

Напаѓачот Петковиќ ја презема одговорноста и биеше прецизно од 11 метри.

Ристовски го одигра целиот натпревар и одлично си ја заврши задачата. Реваншот во Хрватска е закажан за 22 февруари.

Останати резултати:

Ајакс – Бодо Глимт 2-2

Макаби Хаифа – Гент 1-0

Сервет – Лудогорец 0-0

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни