Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Бензема се врати, но Реал без две големи ѕвезди отпатува за Ливерпул (Фото)

Објавено

на

Карло Анчелоти го одмораше Карим Бензема на гостувањето на „Ел Садар“ поради ситни проблеми кои ги имаше Французинот, но главниот напаѓач на Реал Мадрид се враќа за натпреварот во Лигата на шампионите.

Тоа е најдобрата вест од листата која ја објави Карло Анчелоти ова попладне, а која ги одреди патниците за гостувањето во Ливерпул на „Енфилд Роуд“.

Карло ќе може да смета на својот најдобар голгетер со кој Реал е навистина многу поинаков тим, но сепак остана без две важни ѕвезди од средниот ред.

Тони Крос и Орелијан Чуамени сепак не стигнаа навреме да ги залечат повредите и медицинскиот тим одлулил дека не е време за ризик, па така двајцата се изоставени од сосавот.

Анчелоти ќе мора да бира во средниот ред од некој од Модриќ, Валверде, Себалјос и Камавинга, а во тимот се повикани и младинците Алваро Родригез, Марио Мартин и Арибас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни