Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Белингем за новиот херој на Дортмунд: Тој „лета“ на теренот, малкумина на светот можат да го запрат

Објавено

на

Германскиот прволигаш Борусија Дортмунд ја продолжи својата импресивна серија во оваа календарска година и во Лигата на шампионите каде го совлада Челси со 1-0.

„Милионерите“ претходно „грмеа“ во првенството и Купот на Германија за да вчера го суредат премиерлигашот и со тоа обезбедат добра позиција пред реваншот на „Стемфорд Бриџ“.

Херој на бундеслигашот беше Карим Адејеми кој во вториот гол даде супер атрактивен гол, гол при кој го претрча целиот терен и притоа ги мина Фернандез и Аризабалага пред да ја смести топката на вистинското место.

Карим за ова доби комплименти одо сите страни, па така соиграчот Џуд Белингем порача:

-Тој е исклучително брз. Ние сме толку сигурни кога ќе ја добие топката во ситуација еден на еден. Малкумина  играчи на светот можат да го спречат, -истакна англискиот репрезентативец.

Терзиќ го спореди Адејеми со брзата птица: Мип-мип (ВИДЕО)

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни