Поврзете се со нас

АТП

Бекер за рекордот на Ѓоковиќ: Не верував дека ќе може да биде соборен

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ и оваа недела ја започна на првата позиција на АТП листата, а тоа воедно значеше испишување на нова историја во овој спорт.

Имено ова за српскиот ас е 378. недела како најдобар на светот, односно ваков учинок досега немал никој во историјата во машка и женска конкуренција. Новак минатата седмица се израмни со легендарната Штефи Граф за да сега избие сам на врвот, вечната листа, дојде до рекорд за кој Борис Бекер го даде следниов коментар:

-Ова е неверојатно достигнување. Мислев дека рекордот никогаш нема да биде соборен. Како Германец, би сакал Штефи Граф  да остане најдобра на сите времиња, но Новак и јас сме добри пријатели и не сум несреќен. Тој е фантастичен човек и вистински шампион. Рекордите се таму за да се соборат. Тој сè уште поставува нов рекорд, ќе минат недели пред некој да ја му ја земр круната, -порача Борис за „Јуроспорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни