Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона потврди две од трите завршни операции, последната ќе се реализира со мало одложување! (Фото)

Објавено

на

Барселона беше убедливо најактивниот клуб во Европа во последните неколку минути од летниот преоден рок, па токму поради тоа, во последен час го впиша последниот трансфер, но и го потврди последното заминување.

Ектор Белерин беше пријавен навреме на истекот на летниот преоден рок, Пјер Емерик Обамејанг е нов напаѓач на Челси, но Барса не успеа навреме да ја добие документацијата за играчот кој пристигна од Лондон.

Ова ќе беше сериозен проблем доколку Маркос Алонсо не пристигнел во Барселона со „ас во ракавот“, а токму тоа ја спасува цела операција и шпанскиот фудбалер сепак ќе се претвори во летно засилувуање за Барса, иако не е пријавен во предвиденото време.

Пред да си замине од Лондон, Алонсо успеал да го раскине договорот со Челси, па сега ќе биде пријавен во Барселона како слободен агент со еден ден задоцнување.

Со мало одложување, Чави на крајот ќе ги добие двете посакувани засилувања во одбраната, односно ги зацврстува позициите кои ги сметаше за најсомнителни во овој трансфер период.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни