Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона го претстави третиот дрес за оваа сезона, вечерва ќе дебитира со истиот против Сити (ФОТО)

Објавено

на

Екипата на Барселона официјално го претстави третиот дрес кој ќе го носи во оваа натпреврувачка сезона, дрес со кој вечерва ќе истрча на пријателскиот меч против Манчестер Сити на „Камп Ноу“, меч кој има хуманитарен карактер.

Се работи за комбинација, дизајн инспириран од Крстот на Сант Жорди и посветеноста на клубот за различност и инклузија. Дресот нема да биде ексклузивен за едно натпреварување, туку ќе се менува со првиот и вториот комплет.

Белата по многу години повторно е доминантна боја на еден дрес. Има син Сант Жорди крст кој ја зафаќа централната област на истиот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни