Поврзете се со нас

Шпанија

Барса го потврди последното засилување, договорот на Алонсо носи едно изненадување (Фото)

Објавено

на

После речиси цели 24 часа по завршувањето на летниот преоден рок, Барселона излезе со детали за последната операција која беше направена во последен час, односно го потврди Маркос Алонсо како последно засилување за првиот тим.

Чави Ернандес цело лето го посакуваше левиот бек, се очекуваше да пристигне на „Камп Ноу“ многу порано, но на крајот тоа се случува еден ден по затворањето на трансфер периодот.

Алонсо пристигнува во Барса како слободен агент и токму поради тоа ќе може да биде регистриран и по ситекот на преодниот рок, но откривањето на деталите од договорот, носи и едно изненадување.

Иако го бркаше со месеци, Барселона му понуди на Алонсо само едногодишен договор, што не е вообичаено за клубови на тоа ниво, уште повеќе ако се знае дека Маркос и не е премногу стар.

31-годишниот лев бек ќе има договор од неполна година, односно до 30-ти јуни 2023-та година, но затоа ќе има откупна клаузула од 50 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни