Поврзете се со нас

Репрезентација

Барди: Притисокот е на страна на Италија, но целта е да ги направиме горди нашите навивачи

Објавено

на

Енис Барди ја доби капитенската лента пред квалификацискиот меч со Италија кој се одигра во Скопје, а сега како лидер на нашата репрезентација ќе излезе на мегдан со „аѕурите“ и на утрешниот меч во Рим.

Македонија нема што да загуби на овој меч и ќе игра исклучиво за престиж, но како и пред година и половина, може само а им ги зармси сметките на „аѕурите“ кои бркаат пласман на Европско првенство.

Доколку Италија освои три бода, после ќе и треба само бод во дуелот со Украина за да се пласира на турнирот во Германија, па јасно е дека притисокот ќе биде кај домашната селекција.

– Тоа што се случи на мечот во Македонија останува во минатото. Овојпат очекуваме доста поинаков меч, играме против голема репрезентација и ќе играме пред голем број навивачи.

– Сакаме да покажеме што можеме, не се плашиме од никого и така ќе биде и утре. Притисокот целосно е на страна на Италија, за нив мечот е поважен и ние ќе се обидеме да го добиеме. Овие натпревари се важни за цела Македонија, наша цел е да ги направиме горди нашите навивачи, – изјави Барди како капитен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни