Поврзете се со нас

Свет

Балотели доби голем подарок од голманот на Фенербахче, па режираше легендарна прослава (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AdsKulubu

Душан Тадиќ го украде шоуто и со голот од половина терен стана вистински хит во Турција, но натпреварот меѓу Фенербахче и Адана Демирспор вреди да се издвои и поради Марио Балотели.

„Супер Марио“ доби голем подарок од голманот на Фенербахче и постигна еден од најлесните голови во својата кариера, погодок со кој во тој момент израмни на 1:1.

Искусниот италијански репрезентативец не погреши и веднаш го казни Егрибајат за аматерската грешка, но Балотели се најде во центарот на вниманието и поради уникатната прослава.

Балотели клекна на земја и се сврте кон голманот на Фенербахче, па ги стави рацете на глава како знак на неверица за тоа што го направи противникот.

За жал, неговиот гол не донесе некој позначаен резултат за Адана, бидејќи Фенербахче на крајот славеше со 4:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни