Билијард и Снукер
Балканскиот билијард крем викендов е во скопски „Гран Клуб“

Во организација на Балканската Билјард Асоцијација викендов во Скопје се одржува првиот турнир од трите предвидени во рамките на Јужната Балканска Лига.
За сите турнири предвидено е да се игра дисциплината „деветка“ (9-ball), која впрочем е најатрактивна од сите билјард дисциплини што се играат на глобално ниво. Дуелите пред осминафинале се играат според правилото „Прв до 7“, а последните 16 играчи завршните мечеви ќе ги играат според „Прв до 9“,
На турнирот учествуваат повеќе од 70 играчи од сите соседни земји, предводени од 30 учесници од Македонија. Македонија ќе ја предводат победниците од досега одржаните национални првенства Дејан Сипковски и Флорим Мемеди, додека од Србија дојде Бојана Шарац, која воедно е европски младински вице-шампион во својата конкуренција. Меѓу другите гости од регионот се издвојуваат Едмонд Заја од Албанија, Лабинот Маркај од Косово и Станислав Милев од Бугарија. Најдобро пласираните играчи во генералниот пласман ќе обезбедат учество на престижната „Best of the East“ серија, како и право на настап на елитната серија турнири „Euro Tour“.
– Преку десет регионални федерации се обединија и се заложија да создадат систем на натпревари кој ќе овозможи повисок квалитет од националните првенства, а воедно ќе биде одлична подготовка за најдобрите поединци пред да влезат во системот на највисоките европски натпреварувања. На овој начин се овозможува на едноставен и ефтин начин да се настапи на квалитетен турнир, за разлика од големите настани каде што со бавната агенда најчесто се троши многу време во престој, што пак повлекува големи трошоци и за сместувањето, покрај патните трошоци. Првото скалило е Јужната односно Северната балканска лига, кои на крајот годината ќе имаат свој „мастерс“. Освен што овие турнири се интересни за играчите поради повисокиот награден фонд, воедно од сите турнири се издвојува износ во висина од 25% од сумата на собрана од уписнини, за да се организира камп за младинци од сите балкански земји кои се иднината на овој спорт. Според овој концепт четири младинци од Македонија ќе се најдат на тој камп и ќе можат да се усовршуваат заедно со другите таленти од регионот,- изјави Димитрие Маневски, претседател на македонската билијард асоцијација.
Сите натпревари се играат во најдобрата македонска арена за спортови со штека, „Гран Клуб“ во Скопје, а воедно се пренесуваат во живо на платформата billiardon.com со што овозможува сите љубители на билјардот да уживаат во играта на најдобрите балкански играчи.
Се очекува полуфиналните мечеви да се играат в недела со почеток од 17 часот, доколку турнирот се одвива според планираниот тек, а веднаш потоа и големото финале.
Заради актуелните рестрикции предизвикани од пандемијата со КОВИД 19, не e дозволено присуство на публика.
-
Шпанијапред 6 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Англијапред 10 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Германијапред 7 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 10 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 9 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 7 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Италијапред 13 часа
Новиот агент на Погба оди во Торино на финални преговори со Јувентус
-
Македонијапред 2 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!