Репрезентација
Бајиќ: Сум победувал посилни со послаби тимови, кошаркарите знаат како да се однесуваат кон овој дрес

Македонија во петок (19:30 часот) го започнува циклусот на квалификации за Светското првенство и тоа со средба против големата Шпанија која ќе ја дочекаме во СЦ „Јане Сандански“.
Шпанците се фаворити на хартија, но тие во Скопје ќе дојдат без играчите кои им настапуваат во НБА и Евролигата, па во нашиот табор тука гледаат шанса за изненадување иако и ние се соочуваме со проблеми.
Од претходно беше познато дека на располагање ќе ги немаме (Војдан) Стојановски, Димитријевиќ и Јакимовски за да потоа поради различни причини откажат или не се појават Зекири, Младеновски и Ѓуроски.
-Лејсон Зекири не се јави на повикот. Младеновски дојде на собирот, но имаше проблеми со вирус, па голем е ризикот да го впуштиме во овој натпревар, затоа што може да ја зарази екипата. Стојан Ѓуроски исто така дојде, почувствува болки во мускулот. Ги направивме сите прегледи и тој исто така нема да помогне.
-Тука сигурно ни недостасуваат пет играчи, кога ќе видиме дека ги немаме Војдан Стојановски, Димитријевиќ и Јакимовски. Тие да беа тука, можеби ќе го почнеа натпреварот против Шпанија. Мора што добро да се подготвиме за овој натпревар, -вели селекторот Драган Бајиќ кој смета дека не е потребна посебна мотивација за битката против „црвената фурија“.
-Не треба јас да ги мотивирам за Шпанија, туку тие самите. Кошаркарите знаат како треба да се однесуваат кон овој дрес. Без разлика во кој состав доаѓа, Шпанија е силен тим. Тука е и селекторот Скариоло. Но, како што кажав претходно, сум победувал посилни со послаби тимови. Влегуваме во овој дуел со самодоверба. Не смееме да губиме многу топки, да ја сопреме транзицијата на противникот и да играме меч со малку поспор ритам.
-Сум имал шанси да играм против шпански тимови со клубови, се работи за еден систем на кошарка кој бара доста работа и влог за да се победи. Мора да ја играме нашата игра, за да се адаптираме на мечот кој следи. Немам притисок за резултатот, целта од моето доаѓање е да ја подмладам оваа репрезентација и да создадам тим кој во иднина ќе игра на Европско, а зошто да не, и на Светско првенство, -порача Бајиќ.
Само за потсетување покрај Шпанија во нашата група се уште Украина и Грузија.
-
Шпанијапред 17 часа
Огромна промена: Реал Мадрид го замени главниот спонзор со уште поголем гигант
-
Италијапред 22 часа
Игуаин за проблемот во Италија: Јувентус ангажираше фотограф за мојата тежина
-
Англијапред 19 часа
Кепа го избра најдобриот светски голман и испофали еден досегашен соиграч: Реал доби огромно засилување
-
Францијапред 22 часа
ПСЖ го активира планот Б откако остана без примарната трансфер цел
-
Англијапред 9 часа
Синклер: Постојат три причини за заминувањето на Мане од Ливерпул, главната е Клоп
-
Светпред 23 часа
„АС“: Роналдо се премислил и сака да си оди од Јунајтед, се отвора можност за сензационален трансфер
-
Италијапред 17 часа
Канаваро со бомбастичен трансфер предлог до Наполи: Ако бев на местото на Де Лаурентис……
-
Шпанијапред 16 часа
Барселона не го заборави Меси и го поздрави со едно специјално ремек-дело (Видео)