Поврзете се со нас

Германија

Баерн нема да смета на двајца првотимци за дуелот против Бенфика

Објавено

на

Екипата на Баерн Минхен утре и гостува на Бенфика во рамките на 3. коло во Лигата на шампионите, а целта на бундеслигашот ќе биде да ја продолжи победничката серија и да направи уште еден исчекор кон пласман во елиминациската фаза на елитното натпреварување.

„Баварците“ ќе ја имаат улогата на фаворити, но истата ќе мора да ја оправдаат без услугите на двајца стандардни првотимци Алфонсо Дејвис и Леон Горецка. Добра вест за гигантот е тоа што Дејвис кој мораше предвреме да го заврши мечот со Леверкузен нема заработена потешка повреда и за брзо време ќе се врати на терените.

-Леон Горецка е недостапен поради настинка. Алфонсо Дејвис не претрпе никакво структурна оштетување во Леверкузен, но ние ќе му дадеме пауза од два до три дена, бидејќи имаме густ распоред, -порача тренерот Јулијан Нагелсман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни