Поврзете се со нас

Свет

Азар: Време е за уживање во животот со пиво……

Објавено

на

Foto:twitter.com/BelRedDevils

Еден Азар стави крај на авантурата со Реал Мадрид една година пред да му истече договорот и спогодбено се раздели со „кралевите“, откако зад себе остави четири ужасни сезони.

Некогашната најголема ѕвезда од Премиер лигата не успеа да ги исполни очекувањата во Реал Мадрид и неговиот сон се претвори во кошмар, но вината треба да се бара и кај самиот фудбалер кој дојде со прекумерна тежина во првата сезона, а потоа немаше среќа и со повредите.

Сега како 32-годишен фудбалер, иднината на Азар се уште е непозната, но се поголеми се веројатностите дека ќе стави крај на кариерата. Дополнителна причина за ваквите ставови се и изјавата која ја дава самиот во документарецот посветен на белгиската репрезентација, од која се повлече по крајот на Светското првенство.

– Малку по малку, дојде време да се ужива и да бидам со семејството и пријателите. Време е да пијам пиво на раат и без никакво размислување што ќе следи утре, – вели Азар во документарецот насловен „Верувај“.

– Секогаш ќе бидам играч на „црвените ѓаволи“ и секогаш ќе бидам фан на добриот фудбал. Секогаш ја носев лентата со задоволство и гордо бев капитен на овој тим, – изјави Еден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни