Поврзете се со нас

Шпанија

Атлетико одбил 250 милиони евра во еден ден

Објавено

на

Атлетико Мадрид има повеќе фудбалери за кои се интересираат други клубови, но раководството и тренерот Диего Симеоне решиле да ги одбијат понудите.

„АС“ тврди дека Манчестер Јунајтед испратил понуда за Жоао Феликс, тешка 130 милиони евра, но шпанскиот клуб експресно одбил да се раздели со Португалецот.

Изминатите 24 часа Атлетико добил понуди и за Куња, Љоренте и Мората, со што се одбиени понуди од дополнителни 120 милиони евра.

Челси понудил 40 милиони за Маркос Љоренте, но Симеоне го смета за клучен фудбалер и понудата е експресно одбиена, посебно за фудбалер кој има откупна клаузула од 120 милиони евра.

„АС“ тврди дека Јувентус понудил 40 милиони евра за Мората, додека Куња бил цел на Манчестер Јунајтед и за него исто така биле понудени 40 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни