Поврзете се со нас

Италија

Аталанта загуби важен дефанзивец во клучниот дел од сезоната

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Atalanta_BC

Аталанта утре ќе се соочи со Фиорентина во првиот полуфинален дуел од италијанскиот куп, останува во битка за место кое води во Лигата на шампионите во Серија А, а допрва ќе ја игра завршницата и во Лига Европа.

Затоа и повредата на Џорџо Скалвини доаѓа во незгоден момент, a италијанските медиуми пренесуваат дека се работи проблем со мускул и поради тоа паузата ќе биде најмалку еден месец.

Скалвини се повредил на дуелот со Наполи кој Аталанта го доби убедливо на гостински терен, па сега му создаде сериозен проблем на тренерот Џан Пјеро Гасперини, кој сериозно смета на младиот дефанзивец на најважните натпревари.

Повредата на Скалвини подразбира дека овој фудбалер нема да биде во комбинација цел април, а покрај утрешниот дуел во Фиренца и реваншот во Бергамо, нема да игра во двомечот со Ливерпул во Лига Европа, како и против Калјари, Верона, Монца и Емполи во Серија А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни