Поврзете се со нас

Италија

Аталанта потврди дека Иличиќ го напуштил клубот

Објавено

на

Јосип Иличиќ и дефинитивно е слободен агент, бидејќи денес и Аталанта потврди дека е завршена соработката со искусниот фудбалер.

Словенецот играше многу ретко последните две сезони, често соочувајќи се со повреди, а имаше и проблеми со депресија во периодот кога пандемијата одзема многу животи во Италија, но и пошироко.

Иличиќ разговарал со неколку клуба, но наместо трансфер од Аталанта, двете страни се договориле да го раскинат договорот, па 34-годишниот Словенец сам да си бара нов работодавач.

Сега слободниот агент Иличиќ беше дел од тимот од Бергамо од 2017 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни