Репрезентација
Ашаданов избра 13 кошаркарки за соочувањето со Португалија

Селекторот на македонската женска сениорска кошаркарска репрезентација, Александар Ашаданов го одреди списокот на кошаркарки за кои ќе смета за соочувањето со Португалија во Матошинос, прв меч од квалификациите за Евробаскетот во 2025 година.
Таа средба е закажана за 9 ноември, а Ашаданов се одлучи за 13 играчи.
-Немаме многу време за подготовки пред овие два натпревари. Денеска одработивме два, се обидувме да поставиме некои работи кои ќе ни бидат од корист на натпреварите кои следуваат. Утре за Матошинос ќе патуваат 11. кошаркарки, а во Португалија ќе нè чекаат Нена Трајчевска и Александра Стојановска, па во еден комплетен состав ќе одработиме уште некој тренинг се со цела да бидеме што е можно поспремни за предизвиците кои стојат пред нашата селекција, -истакна Ашаданов.
Список за дуелот со Португалија:
Анџелика Митрашиновиќ Пештански Цајки (Словачка)
Матеа Николиќ Пасаласка Рагуса (Италија)
Александра Стојановска Кортегада (Шпанија)
Нена Трајчевска ЦБ Архил (Шпанија)
Мерит Хемпе Валенсија (Шпанија)
Милица Николиќ Вебас (Србија)
Ивана Кметовска Баскет Кам 2011 – М. Каменица
Елена Тасевска Баскет Кам 2011 – М. Каменица
Сања Адамовска Баскет Кам 2011 – М. Каменица
Илина Селцова Вардар – Скопје
Ања Начевска Вардар – Скопје
Марија Димитријевиќ Вардар – Скопје
Клементина Модева Струга 2009
-
Шпанијапред 14 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Италијапред 13 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Европски првенствапред 15 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Македонијапред 23 часа
Лазаров: Самсоненко ми понуди поголема плата, но јас веќе ја избрав Барселона
-
Англијапред 19 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 17 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Европски првенствапред 15 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Италијапред 14 часа
Рабио и Галјардини ја продолжија „војната“ на социјалните мрежи (Фото)