Поврзете се со нас

Лига Европа

Артета за „ајкулите“ кои ќе пристигнат во ЛЕ: Натпреварувањето ќе биде на ниво…

Објавено

на

Тимот на Арсенал е сигурен патник во нокаут фазата во Лига Европа или поточно постои само една дилема дали истата ќе ја започне од 1/16 финалната или 1/8 финалната фаза, односно ова ќе биде познато по последното коло.

Елиминациите ќе бидат навистина посебни во оваа сезона во ЛЕ затоа што од ЛШ ќе пристигнат големи клубови како Барселона која засега е 100 проценти сигурна иста како и Севилја, но може да им се приклучат Алетико Мадрид, Јувентус, Ајакс, Милан…

Сето ова прави ЛЕ да се прати со посебно внимание, па Микел Артета како предводник на „топчиите“ очекува голем предизвик за нив како екипа.

-Тоа го знаевме. Секако дека ги знаевме резултатите и што доаѓа, натпреварувањето ќе биде на ниво кое веројатно никогаш не било досега. Ова е предизвик за нас, -порача Артета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни