Поврзете се со нас

Свет

Аргентина и се е можно: Милито со тупаници „делеше правда“ и заврши во полиција (Видео)

Објавено

на

Габриел Милито беше непоколеблив како стопер и таквиот карактер го однесе до големата Барселона, но сега како фудаблски стручњак, јужноамериканскиот темперамент му прави големи проблеми.

Поранешниот стопер на каталонскиот гигант предизвика огромен скандал во родната Аргентина, бидејќи по последниот натпревар на неговиот Аргентинос Јуниорс заврши во полиција.

Тренерот беше исклучен од главниот судија поради препирка со противничкиот стручен штаб, но откако добил црвен картон, влегол и во физичка пресметка со неколку помошници тренери на Сентрал Кордоба.

Видеата добро покажуваат дека Милито користел тупаници за да ги реши недоразбирањата со ривалите, па победата на неговиот тим од 1:2 остана во сенка на инцидентот.

Милито бил пренесен во полиција и испрашуван за своето недолично однесување, па сега останува да се види дали членовите од Кордоба ќе покренат кривични пријави за физички напад.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни