Поврзете се со нас

Италија

Антов му го искина дресот на Федерико, упорниот Киеза мајсторски погоди за Куп победа на Јувентус (ВИДЕО)

Објавено

на

Јувентус го потврди статусот на фаворит и обезбеди место меѓу осумте најдобри во Купот на Италија и тоа откако на домашен терен ја доби пресметката со Монца со 2-1.

Домашниот стратег Масимилијан Алегри ги измеша картите, па во вториот дел мораше да влезат дел од најстандардните, најдобрите играчи за да се оствари посакуваниот резултат.

Потегот на мечот го имаше нововлеениот Киеза кој во 78 минута остана без дрес со оглед на тоа што Антов се обидуваше да го собори со сета сила, ама Италијанецот беше упорен и мајсторски биеше за славје во Торино.

Претходно Кен и Валоти погодија во првото полувреме.

Пласман во четвртфиналето денеска обезбедија уште Аталанта која имаше нова голеада, овојпат со Специја (5-2) и Лацио кој беше подобар од Болоња.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни