Поврзете се со нас

Лига Европа

Андерсон по елиминацијата на Лацио од ЛЕ: Не ја потценивме групата, разочарувачки е…

Објавено

на

Екипата на Лацио доживеаа болен пораз од Феенорд во Ротердам (1-0), пораз кој им донесе елиминација од Лигата на Европа со оглед на тоа што и Митјиланд славеше над Штурм.

На калчолигашот му беше потребен бод за место во следната фаза, додека со победа ќе го обезбедеше првото место во групата, ама на крајот испадна најлошото сценарио и падна на третата позиција што значи ќе игра во Конференциската лига.

-Излеговме да победиме и да ја контролираме играта со нашиот стил на фудбал. Имавме голема можност за гол во првото полувреме. Пропуштив две шанси и се чувствувам многу лошо поради тоа. Бевме концентрирани, но не успеавме да дојдеме до посакуваниот резултат. Сите ние сме искусни играчи, фудбалот е убав затоа што е толку непредвидлив, но разочарувачки е што не ги искористивме нашите шанси, -истакна Фелипе Андерсон кој воедно потенцираше дека тие како тим не ја потцениле групата.

-Никогаш не ја потценувавме групата, тренерот секогаш ни кажува дека ни треба одлучност и цврстина на секој натпревар, но ова беше посилна група од очекуваното. Ние го носиме дресот на Лацио и мораме да дадеме се од себе во секое натпреварување во кое учествуваме, -заклучи офанзивецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни