Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти смета дека го изненадил Гвардиола со тактичката определба: Имам само една дилема за „Итихад“

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти се одлучи за стандардниот систем 4-3-3 во пресметката со Манчестер Сити, но една тактичка определба се чини дека донесе големо изненадување за гостите од Манчестер.

Наместо Винисиус Жуниор, лево крило на Реал во најголем дел од мечот беше вториот Бразилец Родриго, кој одличната партија ја зачини и со постигнат гол за 2:1.

Во своето резиме за спектакуларниот меч на „Бернабеу“, Анчелоти нагласи дека е задоволен од прикажаното и говореше за својата мала тактичка промена, но исто така даде и прва најава за реваншот на „Итихад“.

– Мислам дека ги изненадивме со Родриго како крило, Винисиус играше повнатре. Вториот гол беше перфектен од наша страна, двајцата искомбинираа многу добро и задоволен сум од тоа како функциониравме на таа страна.

– Целта беше да имаме мала предност после првиот меч, но мора да бидеме задоволни од тоа што го остваривме. Се натпреварувавме до последен момент и ако имаме ист пристап на реваншот, ќе можеме да минеме во полуфиналето.

– За реваншот имам само една дилема: Начо или Милитао. Тимот беше добар и мора да продолжиме исто и на гостувањето, имаме самодоверба дека може да заврши добро за нас, – изјави Анчелоти говорејќи за отсуството на Чуамени кој ќе биде суспендиран поради жолти картони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни