Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Алушовски по првата победа на Вардар: Во Македонија сите се паметни после војната

Објавено

на

Фото: РК Вардар 1961

Вардар ја оствари првата победа во новата сезона во Лигата на шампионите, а истата е посебно важна за тренерот Алушовски и играчите на тимот, од едноставна причина што македонскиот великан се најде во ситуација да не игра официјален меч речиси 30 дена.

„Црвено-црните“ одиграа одличен меч против Флензбург и заслужено победија со 31:26, натпревар кој посебно горд го направи предводникот на вардарци кој се најде и под сериозен притисок по почетниот пораз на стартот на Лигата на шампионите.

Дел од фановите на Вардар беа доста директни и побараа негова смена по поразот од Мешков Брест, но Алушовски е свесен дека во нашата земја постојано наидува на слични ситуации кога на тимот не му оди како што треба на теренот.

– Во Македонија секогаш се наоѓаат одредени луѓе кои сакаат да бидат паметни, а тоа е особено така после војната. Јас само се обидувам да го водам Вардар најдобро што можам, сакам да го пренесам она што го знам на моите играчи. Мислам дека момците одлично одговараат и верувам дека во иднина ќе имаме уште вакви изданија.

– Сакам да нагласам дека ова е една голема пообеда за целиот тим, за играчите, за претседателот, за фановите. Се надевам дека ова ќе ни даде поттик во иднина, овие ракометари речиси еден месец беа без никаков натпревар, но денеска одиграа феноменално. Следен предизвик е Порто и мора брзо да го заборавиме овој триумф, – изјави Алушовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни