Поврзете се со нас

Македонија

Алтипармаковски и Брегалница се разделија

Објавено

на

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Марјан Алтипармаковски не е повеќе член на Брегалница.

Клубот од Штип ја информираше јавноста дека напаѓачот поради лични причини побарал предвремен раскин на договорот, а тие одлучиле да му излезат во пресрет.

-И покрај тоа што нашата искрена желба беше да го задржиме, сепак со оглед на фактот дека се работи за максимално коректен фудбалер кој дада сериозен придонес за развојот на тимот изминативе години одлучивме да излеземе во пресрет.

-Од лични причини Алтипармаковски побара предвреме да го заврши договорот, а Брегалница му посакува успех во сите идни планови и кариера, -истакна за официјалната веб страна на клубот, спортскиот директор Никола Тонев.

Битолчанецот одигра 40 официјални натпревари за Брегалница во ПМФЛ и постигна 11 погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни