Поврзете се со нас

АТП

Алкарас според планот, Циципас го доби маратонот против Мари во два дена

Објавено

на

foto:twitter.com/carlosalcaraz

Првиот светски рекет, Карлос Алкарас избори пласман во третото коло на третиот грен слем за оваа 2023 година-Вимблдон.

Шпанскиот ас беше сигурен и не загуби ниту еден сет во пресметката со Александр Муле со Франција. Карлос славеше со 6:4, 7:6 (2), 6:3 и на тој начин обезбеди 1/16 финале против Чилеанецот, Николас Хари кој беше подобар од Џејсон Кублер.

Место во оваа фаза обезбеди и Стефанос Циципас кој во маратонот кој траеше два дена го доби ветеранот Енди Мари со 3-2 во сетови. Вчерашниот ден беше завршен со водство на Шкотот од 2-1 во сетови со 7:6 (3), 6:7 (2), 4:6, но Гркот денеска беше подобар, помоќен и со 7:6 (3), 6:4 го елиминираше домашниот фаворит.

За ривал во следната фаза ќе го има Ласло Ѓере од Србија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни