Поврзете се со нас

АТП

Алкарас остана без трофејот во Рио, Ѓоковиќ постави апсолутен рекорд кој тешко ќе биде соборен (Фото)

Објавено

на

Карлос Алкарас имаше можност да го освои трофејот во Рио и со самото тоа да се израмни со Новак Ѓоковиќ на врвот на АТП листата, но дури и да го направеше тоа, Србинот и натаму ќе важеше за светски рекет број еден поради освоениот грен слем во Австралија.

На крајот, не мораше да се прават никакви калкулации и главна причина за тоа е Камерон Нори, но и повредата која ја заработи Алкарас во финалето во Рио.

Шпанецот го диктираше темпото и имаше водство од 1:0 во сетови и предност од 3:0 во вториот, но потоа заработи повреда на мускулот и на крајот загуби во финалето (7:5, 4:6 и 5:7).

Со овој пораз, Алкарас не успеа да се искачи на исто скалило со Ноле, кој пак овој понеделник пишува историја и поставува апсолутен рекорд по бројот на минати недели на врвот на листата.

Ѓоковиќ минатиот понеделник ја израмни Штефи Граф, но сега ја почнува 378-та недела на врвот на листата и тоа го нема направено никој во историјата во машка и женска конкуренција.

Легендарната Граф сега останува на второто место, а потоа следат Навратилова, Серена Вилијамс и Рожер Федерер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни