Поврзете се со нас

Македонија

Алкалоид го надигра Тиквеш и изби сам на врвот во Суперлигата

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkalkaloid

Ракометарите на Алкалоид издвојуваа победа над Тиквеш со 30-22 во дерби средбата од 7. колото во А групата во Суперлигата.

Ова беше дуел на двете непоразените екипи во досегашниот дел од шампионатот, меч во кој актуелниот вицепрвак покажа дека е поквалитетен тим од составот од Кавадарци.

Првиот дел го добија избраниците на Кирил Лазаров со три разлика (14-11), па водени од таа енергија го засилија темпото во вториот дел, го докусурија ривалот и сега имаат седум од седум во шампионатот.

Џонов и Бинго дадоа по 5 гола, голманот Трајковски имаше вкупно 13 интервенции. Кај поразените четири гола даде Симиќ, додека голманот Гемаљевиќ запиша 12 интервенции.

Следен меч за Алкалоид е против Војводина во Европската лига, додека Тиквеш исто има европски предизвик против Кремс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни