Поврзете се со нас

Европски првенства

Алиоски откри што направил Арнаутовиќ по натпреварот: Тоа беше навистина фер потег од него

Објавено

на

Марко Арнаутовиќ се извини на македонски и албански јазик за својата постапка при прославата на третиот гол против Македонија, реакција со која испрати директна провокација до Езџан Алиоски, а според тврдењата на ФФМ, напаѓачот на Австријците во тие моменти испратил и навреди на национална основа.

Македонската Федерација го пријави случајот во УЕФА и европската фудбалска Федерација ќе треба да одлучи дали Австриецот ќе добие казна за своето однесување, но пред да добиеме одговор на ова прашање, конечно ја слушнавме и втората страна од двајцата инволвирани.

Џани Алиоски направи интервју за „Дигиталб“ и објасни дека ги разјаснил сите нејаснотии со Арнаутовиќ по мечот, бидејќи противникот влегол во соблекувалната на Македонија и се извинил за прекумерната реакција.

– Во вакви важни натпревари, нормално е играчите да почувствуваат тензија и да бидат извадени од рамнотежа. Сепак, најдобриот дел од сето ова е кога се ќе се разјасни и кога двајцата инволвирани ќе се разберат. Јас и Арнаутовиќ зборувавме по мечот и ги разјаснивме работите. Тој се извини, дојде во соблекувалната и ми подаде рака и тоа беше навистина фер од него. Искрено, не слушнав што ми порача, фановите славеа во тие моменти. По мечот, зборувавме на германски јазик и се разбравме. Се случуваат вакви работи во фудбалот, – порачува Алиоски кој во интервјуто говори и за дебито на Македонија на Европските првенства.

– Беше навистина убаво и емотивно кога влеговме на теренот. Очекувавме друг епилог, сакавме да освоиме барем бод, но на крајот загубивме. Навистина сме разочарани од резултатот, но имаме уште два меча и гледаме напред. Ова е наше прво вакво искуство на голем турнир. Не губам верба во овој тим, верувам дека можеме да ја минеме групата. Со Украина мора да влеземе самоуверени, желни да победиме. Покажавме дека можеме против Германија, а и против Австрија во текот на 75 минути. Се надевам на три бода против Украина, а потоа да играме финале против Холандија, – додава Џани.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни