Поврзете се со нас

Италија

Алегри посочи што Паредес ќе му донесе на Јувентус

Објавено

на

Јувентус во текот на вчерашниот ден комплетираше уште едно летно засилување кое пристигна од Франција од редовите на Пари Сен Жермен.

Се работи за играчот на врска Леандро Паредес кој оваа сезона ќе ја мине на позајмица во калчилигашот кој потоа ќе одлучи дали ќе го задржи, откупи договорот на Аргентинецот. Паредес веќе е во Торино, вчера го гледаше во живо дуелот на неговиот нов тим со Специја на кој фаворитот славеше со 2-0.

Сега на него му останива да се прикаже во најдобро светло и да ги оправда очекувањата на клубот и тренерот Макс Алегри кој објасни што очекува Леандро да и донесе на екипата.

-Тој носи квалитет, техника и може да му остави поголема слобода на Локатели без одговорност за градење потези од средниот ред. Закарија и Рабио се поодбранбени, Мекени е некој кој што оди напред, па ни требаше некој друг да го обезбеди вистинското додавање, -порача Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни