Поврзете се со нас

Италија

Алегри: Не сакам атрактивен фудбал кој не носи победи

Објавено

на

Јувентус не ги импресионираше своите фанови, но успеа да ја победи Специја на домашен терен и да фати приклучок на врвот на табелата во Серија А.

Влаховиќ постигна атрактивен гол од слободен удар, Милик погоди првпат во дресот на „бјанконерите“, но играта и натаму не е нивото на кое би посакале напаѓачите, бидејќи не добија доволно топки да го загрозат голот на противникот.

Макс Алегри смета дека неговите играчи се уште се адаптираат еден на друг и дека во оваа фаза најважни се победите.

– Најважна работа во овој дел од првенството е да освојуваме бодови. Фудбалерите мора да се запознаат подобро меѓу себе, но мора да ја подобриме контролата на топката.

– Ова не значи само бранење, но кога ја губиме топката, се повлекуваме се повеќе и повеќе. Не смееме да ја губиме контролата кога ќе се појави одредена паника. Ризикувавме и со Ди Марија, но потребна ни беше свежина во тој дел од теренот.

– Секогаш велам и не се срамам од тоа, не сакам атрактивен фудбал кој не носи резултати. Треба да се фокусираме на ефикасноста повеќе од убавината на фудбалот, – изјавил Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни