Поврзете се со нас

Италија

Алегри ги искара фановите на Јувентус: Исвиркаа играч кој освои пет Скудета……

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

„Алијанц стадионот“ веќе некое време има чудна атмосфера поради поделбата кај навивачите на Јувентус, бидејќи една фан база му дава поддршка на Макс Алегри, а друга е разочарана од изданијата на неговиот тим.

Сепак, тренерот на Јувентус е многу позагрижен за третманот кој го доби еден искусен фудбалер од неговиот тим, па по победата над Лацио не пропушти да ги искара присутните фанови на трибините во Торино.

Јуве го победи Лацио со 2:0 и му се реваншираше за поразот во Серија А, но ќе мора да ја довршува работата на реваншот за пласман во големото финале на Копа Италија.

Алекс Сандро доби свирежи кога влегуваше во игра во самата завршница, а таа сцена воопшто не му се допадна на Алегри кој не ја криел фрустрацијата на пресот.

– Навистина сум тажен што мора да го коментирам односот кон Алекс Сандро. Тој одигра 300 натпревари за Јувентус, освои пет титули во Серија А и е голем професионалец. Заслжувува максимален респект, не е добро да се слушнат свирежи од трибините за таков играч. Особено не е добро бидејќи тој направи два клучни старта откако влезе во игра. Јас ги почитувам фановите, но фановите треба да бидат тука за да го поддржат тимот, – изјави Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни