Поврзете се со нас

Италија

Агентот на Бастони се огласи и ги расчисти сите дилеми околу неговата иднина во Интер

Објавено

на

Алесандро Бастони веќе неколку сезони игра на високо ниво, па со тие свои партии си обезбеди стартно место во редовите на Интер, а и стана стандарден италијански репрезентативец.

Меѓутоа тие негови изданија го привлекоа вниманието на доста екипи пред се оние од Премиер лигата кои најдобро стојат финансиски, па во редот за неговиот потпис застанаа Тотенхем, Манчестер Сити, Челси и Манчестер Јунајтед.

Во медиумите дури и се појави информација дека ако стигне супер богата понуда Бастони може и да биде продаден, но реалноста е дека побрзо клубот би се „ослободил“ од Милан Шкринијар.

Италијанскиот репрезентативец останува во Милано и ова го потврди неговиот агент Тулио Тинти.

-Бастони моментално е на одмор. Тој останува во Интер 100 проценти. Ги почитуваме нашите договори и среќни сме да разговараме за продолжување кога Интер ќе не повика, -порача Тинти кој го застапува и Симоне Инѕаги кој ја продолжи соработката со „нероаѕурите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни