Поврзете се со нас

Пливање

Поп Ацев доби специјално признание од Националната пливачка федерација за новата светска титула

Објавено

на

Евгениј Поп Ацев по трет пат во својата кариера успеа да ја освои шампионската титула во Светскиот куп на ФИНА во ултра серијата на маратони, успех кој само говори каква феноменална кариера изгради пливачот кој веќе со години наназад е константно на врвот.

Во чест на големиот подвиг, нашиот најдобар пливач доби специјално признание од страна на Националната пливачка Федерација, која одлучи да му додели признание за постојаната афирмација на пливањето во Македонија.

– Успесите на Евгениј Поп Ацев се за огромна пофалба, и треба да бидат одбележани. Во 2015 прво место, 2017 прво место, 2019 прво место, сите во светскиот куп во ултра гран при серијата под календарот на Светската пливачка организација. За овие успеси, и за другите негови достигнувања Националната пливачка федерација на Евгениј Поп Ацев му доделува посебно признание за афирмација на спортот за достојно претставување на Република Македонија. Неговите успеси се и наша гордост, – изјави претседателот на НПФ, Александар Филипчев.

Само за потсетување, Поп Ацев оваа година го освои второто место на Охридскиот пливачки маратон, а со освоеното трето место на маратонот во Неапол, ја потврди новата титула.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни