Поврзете се со нас

АТП

Зверев жестоко го нападна Медведев: Тој не го почитува фер-плејот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ROLEXMCMASTERS

Во драматичната завршница на осминафиналната фаза во Монте Карло, Александер Зверев и Данил Медведев приредија вистински спектакл за тениските фанови, кои на крајот заврши со ладен поздрав меѓу двајцата тенисери.

Медведев успеа да направи пресврт и го доби маратонот во три сета во тајбрејкот, но пред да го направи тоа, предизвика неколку хаотични ситуации на теренот и го налути својот ривал.

По крајот на мечот и победата, Медведев му се извини на Зверев и му порача дека се однесувал како „го.но“, но очигледно ова беше премала утеха за Германецот кој жестоко го нападна Русинот на пресот.

– Медведев е еден од најнекоректните играчи на светот. Јас многу сериозно ги сфаќам фер-плејот и спортскиот дух, а тој дефинитивно не. Решава да активира паузи за тоалет кога тоа не е дозволено, имаше илјада ситуации во кои почнав да играм подобро и во кои се обидуваше да ме поремети.

– Разочаран сум од неговото однесување како спортист. Може да се каже дека тоа не смее да ме деконцентрира, но јас навистина сметам дека треба да има и фер-плеј во овој спорт, – изјави Зверев.

Инаку, по маратонската битка синоќа, Медведев денеска играше во четвртфиналето и по само 78 минути загуби од Холгер Руне.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни