Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Зидан: Тоа е апсурдно, имаме право да играме во ЛШ

Објавено

на

Тренерот на шпанскиот шампион Реал Мадрид, Зинедин Зидан проговори за информациите кои се појавија во дел од медиумите дека „кралевите“ ќе бидат казнети и исфрлени од Лигата на шампионите поради учеството во формирањето на европската Суперлига.

Зидан смета дека тоа се апсурдни приказни и нема ников основ за истите.

-Имаме право да играме во Лигата на шампионите. Тие наводи беа апсурдни. Ќе се подготвуваме за мечот со Челси, -вели Зидан кој е во контакт со првиот човек Флорентино Перез.

-Разговараме повремено. Понекогаш доаѓа и гледа во каква состојба е тимот. Тој сака да се фокусираме на следниот натпревар. Ништо не е сменето, -дополни Французинот кој беше во право за тоа дека Реал нема да биде сакнциониран и ќе може нормално да ја заврши актуелнава кампања.

УЕФА донесе одлука за основачите на Суперлигата

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни